Press "Enter" to skip to content

Бојан Бојкоски: министерството за животна средина и просторно планирање еден месец не дава водостопанска согласност за реконструкција на мостот кај Безистенот

Бојан Бојкоски, советник во советот на Општина Битола, денес одржа прес-конференција на која зборуваше за тоа што веќе еден месец Општина Битола чека водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање за проектната документација за реконструкција на мостот кај Безистенот во Битола.

-Општина Битола, иако во рекордно време ја подготви потребната документација, голготата низ лавиринтите на државните институции, започна од крајот на месец јануари. Откако проектот беше вратен од страна на Управата за заштита на културно наследство, и ревидиран, конечно на крајот на февруари добиено е потребното конзерваторско мислење. На 18 февруари, документацијата за мостот е доставена до Министерство за животна средина и просторно планирање, за потоа да може да се побара потребната документација за одобрување на реконструкцијата на мостот од Министерството за транспорт и врски.

Општина Битола, до овој момент нема добиено никакво официјално известување од страна на надлежните институции. И додека службите во општината ја чекаат документацијата, а граѓаните мостот, опструкциите од централната власт се евидентни, поткрепени со факти. Наместо соодветно укажување кое треба да биде испратено од страна на министерството за животна средина до општината, на седницата на совет пред два дена, преку СМС пораки, советник од СДСМ, јавно не извести дека, замислете Министерката за култура во 18.00 часот попладне, знае дека општината нема да ја добие потребната согласност од животна средина, а предметот ќе биде вратен заради наводно некомплетна документација.

Се поставуваат прашањата:

Како министерката за култура, во 18.00 часот попладне има информации од Министерството за животна средина кои значат одолговлекување на постапката за реконструкција на мостот, а службите во општината не располагаат со овие информации? Дали на овој начин се врши организирано опструирање на динамиката на реализација на проектот од страна на државните институции предводени од СДСМ против локалната самоуправа, со која раководи ВМРО ДПМНЕ?

Почитувани, организираното непостапување и максимално продолжување на сите законски предвидени рокови од страна на државните институции, значи директна опструкција и врз граѓаните на Битола. Апелираме, професионалноста и експедитивноста на институциите да ги надминат партиските интереси, а започнатите постапки да се завршат во најкраток рок, затоа што во спротивно не се врши опструкција само на локалната самоуправа во Битола, туку и на сите битолчани.

More from ВестиMore posts in Вести »