Работнички – Пелистер 95:89
Екипата на Пелистер од Битола е поразена од најтрофејниот кошаркарки тим, Работнички, на гостувањето во Скопје со резултат 95:89.
Првата четвртина од натпреварот помина во израмнета игра, а двете екипи се менуваа во водството, а првиот квартал заврши реми 19:19. Втората четвртина заполна со водство на домашната екипа, а предноста ја имаа во текот на целата четвртина. Осетна разлика од +9, Работнички наорави во 16. минута од натпреварот кога имаа резултат 34:25. На минута и пол во полувремето Пелистер дојде на -2 (36:38), по што повторно се врати на полголема разлика, за на одмот се отиде со 42:36.
Во продолжението, во третата четвртина Работнички дојде до +10 (49:39), а на 3 минути пред крајот од каврталот имаа +11. До крајот на третата четвртина се одржуваше отприлика таа разлика, за да заврши со 66:57.
Во последната четвртина Пелистер “влезе“ и со -12 (69:57), но потоа од минута во минута ја намалуваше разликата, а по серија од +12, прво дојде со израмнување 75:75, а потоа и водство 75:77. До крајот имаше уште две израмнувања 79:79 и 81:81. Следуваше водство на Пелистер, но потоа Работнички го презеде водството за победа од 95:89.
Ова е втор пораз на Пелистер во лигата, во натпревар во кој најефикасен беше Кесар со 25 поени, пред Малешевиќ и Николиќ со 17.