Press "Enter" to skip to content

Драган Крајовски и Бисера Костадиновска – Стојчевска на средба со битолските пензионери

Претседателот на ОО на СДСМ од Битола, Драган Крајовски и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денес во просториите на Сојузот на пензионети во Битола се сретнаа со битолските пензионери – членови на Здружението на пензионери Битола, со кои разговараа за новините кои овозможуваат повисоки пензии и подобар живот за пензионерите.На мое големо задоволство денес се сретнав со претседателката на Здружението на пензионери Битола, Даница Петличкова, како и со членови на здружението, со кои разговаравме за новините кои овозможуваат повисоки пензии и подобар живот за пензионерите.  СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што го предводи уште еднаш покажа дека води вистинска грижа за пензионерите. Со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, обезбедивме модел со кој пензиите ќе растат постојано. Пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од порастот на просечната плата во државата. Како што се зголемуваат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите. Како што се зголемува просечната плата во државата, така ќе се зголемуваат и пензиите, рече Крајовски по завршувањето на средбата.

More from ВестиMore posts in Вести »