Претседателот на ОО на СДСМ од Битола, Драган Крајовски и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денес во просториите на Сојузот на пензионети во Битола се сретнаа со битолските пензионери – членови на Здружението на пензионери Битола, со кои разговараа за новините кои овозможуваат повисоки пензии и подобар живот за пензионерите.
–На мое големо задоволство денес се сретнав со претседателката на Здружението на пензионери Битола, Даница Петличкова, како и со членови на здружението, со кои разговаравме за новините кои овозможуваат повисоки пензии и подобар живот за пензионерите. СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што го предводи уште еднаш покажа дека води вистинска грижа за пензионерите. Со измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, обезбедивме модел со кој пензиите ќе растат постојано. Пензиите ќе се усогласуваат како збир од 50% од порастот на трошоците на живот и 50% од порастот на просечната плата во државата. Како што се зголемуваат трошоците за живот, така ќе растат и пензиите. Како што се зголемува просечната плата во државата, така ќе се зголемуваат и пензиите, рече Крајовски по завршувањето на средбата.

Драган Крајовски и Бисера Костадиновска – Стојчевска на средба со битолските пензионери
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 23 степени
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија





