По кусо боледување денескаво Битола почина проф. д-р Божидар Маслинков, поранешен ректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола. Маслинков роден 1943 во Битола. По гимназиското образование во Битола се запишува на Природно – математичкиот факултет – Скопје (1966).
Mагистрира на Хемиско – технолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (1983). Докторира на Хемиско – технолошкиот факултет во Загреб (1992).
Неговата наставно – педагошката активност започнува во 1969. Избран за надворешен соработник на Педагошката академија во Битола, подоцна како професор на Вишата земјоделска школа и Вишата медицинска школа (1969). Избран за вонреден професор на Факултетот за учители и воспитувачи (1995). Избран е за ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски (1999 – 2003). Има објавено повеќе од 20 трудови во Македонија и странство.
Погребот ќе биде утре на Буковските гробишта во Битола во 13,30 часот.