Press "Enter" to skip to content

Општина Битола и јавните комунални претпријатија за поубава и почиста Битола

Општина Битола, во соработка со ЈП “Комуналец“, ЈП “Водовод“ и КЈП “Нискоградба“, спроведува повеќе активности за поубава и почиста Битола.

Работните активности кои почнаа минатата седмица, на денот на екологијата и со почетокот на пролетта, продолжуваат со зголемен интензитет.Во овие акции исчистен е патот до Црквата „Свети 40 маченици“ кај месноста Кркардаш во должина од 500 метри, исчистена е депонија во населбата „Мал Париз“ каде е подигнато е вкупно 250 м³ отпад, исчистени се повеќе мали депонии, оставени се висечки жардињери низ Широк Сокак, а денес цветно се уредува и просторот кај “Саат кулата“ и улица „Рузвелтова“.

Општина Битола и јавните претријатија од Битола ќе продолжат со активностите за расчистување и оплеменување на парковите и зелените површини. Грижата за чистата животна средина и поубава Битола, мора да биде континуирана и заедничка, во постојана соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институциите и граѓаните.

More from ВестиMore posts in Вести »