Press "Enter" to skip to content

“Оралното здравје предуслов за општо здравје“, превадање во “Сумнал“

По повод Светскиот ден на оралното здрајве, се одржа предавање на тема “Оралното здравје предуслов за општото здравје“ кое го одржа дипл. забен техничар, Билјана Врцал Ванчевска, а беше во организација на Здружението за развој на ромската заедница “Сумнал“, НУУБ “Св.Климент Охридски“ – Битола, Ротари клуб “Битола Широк Сокак“, заботехничка лабораторија “Лаб Про Дентал“.На предавањето се зборуваше за важноста за одржувањето на одралното здравје. Некои луѓе не успеваат да одат на стоматолог секоја година, иако редовните стоматолошки прегледи и добрата орална хигиена можат да ги спречат повеќето орални/дентални заболувања. Многу луѓе веруваат дека треба да посетат стоматолог само ако имаат болка или мислат дека нешто не е во ред, но редовните посети на стоматолог можат да придонесат за добро орално здравје во текот на целиот живот. Со многуте напредоци во стоматологијата, дијагнозата и третманот се пософистицирани и поудобни од кога било. Навистина ни е мило што се разви интересна интеракција со учесниците, беше речено на предавањето.

 

More from ВестиMore posts in Вести »