Press "Enter" to skip to content

Презентирана анализата на “Преда плус фондацијата“ за можностите за подобрување на вработувањето на ромското население во Општина Битола (фото)

Денес во просториите на месната заедница “Димитар Влахов” во населба Баир во Битола се одржа презентација на резултати од спроведено истражување “Анализа на можностите за подобрување на вработувањето на ромското населени во Општина Битола“ кое ја изработи “Преда плус“ фондацијата како дел дел од проектот БАИР – „Заедничка акција на Битола за вклучување на Ромите“.

Лидија Ангелкова, од “ПРЕДА Плус Фондација“ , задолжена за комуникација на проектот Баир, на почетокот на презентацијата појасни:-Анализата се изработуваше од месец јули до октомври 2021 и опфати теренска анкета и интервјуа за анализа на моменталната побарувачка на пазарот на трудот во Битола и пошироко Пелагонискиот регион и моментална состојба со вештините, потребите и можности за вработување на ромското население во општина Битола. Во истражувањето беа вклучени граѓание од населба Баир, приватен сектор од општина Битола и јавни институции, Општина Битола, Центар за Социјална Работа, Агенција за вработување, ЈП “Комуналец“, ЈП “Нискоградба“ и ЈП “Водовод“. Истражувањето е реализирано од ПРЕДА плус Фондација, како дел дел од проектот БАИР – „Заедничка акција на Битола за вклучување на Ромите“ финансиран од Европската делегација, имплементиран од COSV – Coordinamento delle Organizzazioni per il Servizio Volontario, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација.

Целта на истражувањето е да се идентификуваат постојните капацитети за вработување на населението, потребите на приватниот сектор од работна сила како и потребите за организирање дополнителни активности во насока на подобрување вработливоста кај ромското население, рече Ангелкова.Истражувањето опфати теренска анкета на ромското население  од населба Баир (333  целосно обработени и верификувани анкети)  31,79% од ромското население, интервјуа со приватен сектор од општина Битола (17 претпријатија ) и јавни институции, Центар за Социјална работа и анализа на постоечки извештаи . Презентацијата на резултатите од ова истражување всушност е дел од кампањата која што се спроведува во склоп на проектот во насока за подигање на свеста за можностите за вработување кај ромското население. Освен презентација на резултати од фактичката состојба за можностите за вработување, оваа кампања опфаќа и промоција на мотивирачки приказни на успешни вработени Роми на социјални медиуми како и теренска работа за поголема информираност и презентација на активните мерки за вработување кои се нудат од страна на АВРСМ. 

Резултати и заклучоци од истражувањето се неможноста за наоѓање на работа поради неоформено образование или недостатокот од соодветни работни вештини кои би ги направиле конкурентни на пазарот на труд, предизвикуваат чувството на безизлезност од моменталната состојба кај ромската заедница во населбата Баир. Образовната структура на работоспособното население најмногу загрижува. Според aнкетата 60,06% од aнкетираните се без формирано основно образование. 35% изјавиле дека имаат работа вклучувајќи ги и оние кои се ангажирани во сивата економија, сезонските работници и постојано вработените.Според евиденцијата на АВРСМ најголем дел од евидентираните Роми припаѓаат во групата на неквалификувана работна сила и претставуваат 17,85% од вкупниот број на евидентирани активни баратели на работа во Општината Битола. 

Долгогодишната запоставеност на овој дел од населението како и лимитираните капацитети на локалните надлежни служби да ги решат напластените проблеми придонесува ова население да бара свои начини во секојдневната борба за живот и егзистенција.Социјалните мерки и вклученоста во неформалниот сектор им помагаат на ромското население за обезбедување на основна егзистенција, но сепак овие извори не се доволни за обезбедување на нормален живот и задоволување на основните животни потреби.  Голем процент од населението е дел од неформалниот сектор пред се во делот на земјоделие, собирање и селектирање на отпад, обработка на дрва за огрев како и разни занаетчиски активности посебно во градежниот дел. Реформите спроведени во делот на социјална заштита во последните неколку години придонесуваат да се помогне овој дел од населението иако присутно е чувството дека индиректно овие мерки значителни приденосеуваат за вклучување на овој дел од населението во неформалниот дел од економијата. Со реформите во делот на социјалната заштита, зголемен е бројот на пријавени активни баратели во АВРСМ, од 2014 година за 52%, меѓутоа во консултасија со приватниот сектор , најголем број од овие лице не се  заитересирни за склучување ба формален редовон работен однос поради бенефитите обезбедени од социјалната заштита. 

Во проценти истражување покажа дека 66,7%  од анкетираните се корисници на некаков вид на социјална помош, дури 41.82 % од анкетираните се изјасниле дека побарале азил во некоја странска држава, испитаниците на возраст до 30 години се изјасниле дека доколку би се преселиле тоа би го направиле трајно- 72% од испитаниците. Најголем дел од испитаниците не се информирани за мерките кои се нудат преку АВРСМ (55.64%), а  уште помал процент (0,9%) се јавуваат како корисници на активните програми и мерки за вработување.Мислење на најголем дел од анкетираните претпријатија е дека Активните мерки за вработување спроведени преку АВРСМ не се дизајнирани за задоволување на потребите од неквалификувана работна сила, и нивното влијание на подобрувањето на вработеноста кај ромското население е незадоволително. 85,4% е потребата на компаниите од пелагонискиот регион за некфалификувана работна рака 

Според Анкета се укажа дека Агенцијата за вработување во најголема мера се доживува како место за пријавување и одјавување на работници поради законската регулатива (задолжителна обврска) и поради барањата кои се поврзани најмногу со социјалните бенефиции. Претпријатијата најчесто го користат системот на АВРСМ само за пријавување и одјавување на работници.

Од извештајот организаторот упати неколку препораки: Креирање и реализирање на програми за дооформување на основно и средно образование би помогнале голем дел од ромското население да го формира своето образование и со тоа да ги надмине пречките за остварување на работен однос. Правото но и обврската за задолжително основно и средно образование треба да се реализира со спроведувањето на законските прописи. Поврзаноста со социјалните бенефити со посетувањето на училиште е добар метод и покажува добри резултати на терен доколку се спроведува подеднакво од сите структури во системот. Поддршка на учениците кои покажуваат добри резултати во образованието со давање на стипендии и финансиски стимулации, обезбедување на топол оброк за дел од населението како и други социјални бенефиции сигурно ќе го зголемат нивото на формалното образование кај ромското население. Неопходно е доследно применување на  позитивните законски прописи и процедури поврзани со системот на социјална помош,  посебно делот со регистрацијата на активни баратели на работа и губењето на статусот активен барател  за оние  баратели кои одбиваат засновање работен однос, односно одбиваат понудена работа. Креирање на активни мерки за вработување дизајнирани за неквалификувана работна сила. Со цел да се подобрат оние индивидуални претприемачи кои се бават со неформални нерегистрирани бизниси во процесот на преминување во формалниот бизнис, потребна е нивна поддршка преку набавка на опрема со која би се направиле поконкурентни на пазарот како и преку поддршка во делот на водење на бизнис кој поради недостатокот од формално образование им претставува реален проблем на овие лица. Поддршка на практикантството е добар механизам за подобрување на капацитетите и стекнување на работно искуство и вештини со што младите баратели на работа би станале повработливи и поконкурентни на пазарот на трудот. 

More from ВестиMore posts in Вести »