Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: расчистена тешка кражба и физички напад

На 19.03.2022 на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 29 30 години двајцата од Битола. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во продажен објект и автоперална каде одзеле повеќе предмети. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик. 

На 21.03.2022  во СВР Битола, С.Б. (38) од Битола пријавил дека во објект на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола бил физички нападнат од 34 лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

More from ВестиMore posts in Вести »