ЈП “Стрежево” – Битола денес спроведе акција за расчистување на дивите депонии по повод Светскиот ден на водите, 22 март. Еколошката акцијата се изврши во месноста Превалец, во близина на Собирниот канал, а учествуваа вработените со вклучена механизација на претпријатието.
-Се собираа несоодветно расфрлените отпадоци oд диви депонии (комунален отпад: пластика, хартија и картон), со што беше постигнат позитивен ефект кон расчистување на овој дел од сливното подрачје на Хидросистемот Стрежево од отпадоци. Собирниот канал овозможува зафаќање на дел од водите на седум реки од Баба Планина и нивно доведување до месноста Превлец, каде се внесуваат во сливот на реката Шемница. Стрежево посветено работи на зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина, а со цел достапност, заштита, зачувување и постојано подобрување на расположливите водни ресурси во наша надлежност, рече директорот на “Стрежево“, Менде Граматковски, кој упати и апел:
-Апелираме граѓаните внимателно да управуваат со отпадот и да го одлагаат на места предвидени за таа намена, а со цел да не загадува животната средина.
Светскиот ден на водите на глобално ниво оваа година се одбележува под мотото “Подземните води – го прават невидливото видливо”.

Светски ден на водите ЈП “Стрежево“ – Битола го одбележа со акција за чистење
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 23 степени
- Ново возило за управување со смет на општина Могила донација од Јапонија





