Прилеп – Еурофарм Пелистер 22:38 (11:20)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 е четвртиот учесник на завршницата на ракометниот куп, а Битола на Ф4 ќе има две екипи, претходно се пласира е екипата на Еурофарм Пелистер, заедно со Вардар и Бутел. Завршницата ќе се игра на 14 и 15 мај.
Младиот тим од Битола предводен од Александар Јовиќ одигра одличен меч во Прилеп, забележа убедлива поведа од +16 гола (22:38).
Екипата на Еурофарм уште во првото полувреме го најави пласманот во Ф4, направи солидна разлика и на одмор отиде со +9 (11:20). Второто полувреме само ја потврди победата на Еурофарм Пелистер, а ракометарите ја зголемија разликата до +16.
Наејефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Емилијан Ѓорговски со 7 постигнати гола.