Press "Enter" to skip to content

Битола се две екипи во завршницата од ракометниот куп, се пласира и Еурофарм Пелистер 2

Прилеп – Еурофарм Пелистер 22:38 (11:20)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 е четвртиот учесник на завршницата на ракометниот куп, а Битола на Ф4 ќе има две екипи, претходно се пласира е екипата на Еурофарм Пелистер, заедно со Вардар и Бутел. Завршницата ќе се игра на 14 и 15 мај.

Младиот тим од Битола предводен од Александар Јовиќ одигра одличен меч во Прилеп, забележа убедлива поведа од +16 гола (22:38). 

Екипата на Еурофарм уште во првото полувреме го најави пласманот во Ф4, направи солидна разлика и на одмор отиде со +9 (11:20). Второто полувреме само ја потврди победата на  Еурофарм Пелистер,  а ракометарите ја зголемија разликата до +16.

Наејефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Емилијан Ѓорговски со 7 постигнати гола.

More from ВестиMore posts in Вести »