Press "Enter" to skip to content

Во Битола 24 нови позитивни на ковид-19, оздравени 16, починато едно лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19, во Битола се 24.

Регистрирани сe 285 оздравени пациенти од Битола се 16.

До сега во Битола 14.643 лица биле или се позитивни на ковид-19, а активни се  148 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 63 години.

Направени се 85 ковид тестови во Битола, преку ЦЈЗ Битола 73 и преку Плодност 12.

Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.

More from ВестиMore posts in Вести »