Интернационалниот фестивал на филмска камера “Браќа Манаки“ е дoбитник на признанието Повелба по повод 40-годишното постоење и за значаен и непроценлив придонес во развојот на македонската кинематографија и за нејзина афирмација во светски рамки, како и за афирмација и популаризација на филмската уметност низ нејзиниот најспецифичен сегмент — кинематографијата, кое го додели Претседателот Стево Пендаровски.
ИФФК „Браќа Манаки“ е прв и најстар ваков фестивал, светилник и гордост на македонската кинематографија и уметност повеќе од четири децении. „Браќа Манаки“ има посебен успех со својата мисија за врвен вредносен систем во промоцијата и славењето на еден од најважните сегменти во филмската продукција-кинематограферството, клучната алатка за раскажувањето на наративите на филмското платно.
Почетоците се во градот домаќин Битола, во кој живееја и твореа браќата Милтон и Јанаки Манаки. Со својот фасцинантно богат опус и особено со документарните филмови снимени со нивната легендарна Камера 300 тие оставија непроценлив драгоцен филмски опус. Фестивалот е основан во 1979 година од страна на Друштвото на филмски работници во соработка со градот Битола и Кинотеката. Признанието денеска на директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски му го врачи претседателот, Стево Пендаровски.

ИФФК “Браќа Манаки“ со признание, Повелба, за 40 годишно постоење, од претседателот Пендаровски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




