Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во Скопје, печат на титулата во “пеколот“ во Битола

Вардар – Еурофарм Пелистер 23:24 (12:11)

По долго време во ракометното дерби екипата на Еурофарм Пелистер победува против Вардар во Скопје, а со оваа значајна победи е лидер на табелата на плеј-офот и има предност од 2 бода против екипата на Вардар. Победата е во “Јане Сандански“ со присуство на двете навивачки групи “Чкембари“ и “Комити“, а резулатот е 23:24, за зелено-белите. До крај на сеоната, односно, плеј-офот, останува да се играат уште осум кола, но најверојатно е дека натпреварот во Битола, во “пеколот“ на “Боро Чурлевски“ ќе се одлучи кој ќе биде шампион за сезоната 2021/22.

Марко Кизиќ беше јунакот на голот кој одлично бранеше во второто полувреме, и го сопрем и последниот удар на вардарци за реми, на десетина секунди до крај на мечот.

Екипата на Еурофарм Пелистер започна сигурно и резулатот гол предност за нив, а потоа беше изедначен. Вардар прв поведе со +2 во првото полувреме за 9:7. “Пелистерци“ вратија, а во завршницата на полувремето Еурофарм Пелистер ја презеде предноста и на пауза замина со минимални 11:12.

Во вториот дел “пелистерци“ започнаа со добра игра и за брзо имаа предност, а екипата на Вардар бркаше негатива која беше +1 или +2 за Пелистер. Резултатот, некаде на средина на вториот дел беше 15:17, а потоа Еурофарм Пелистер поведе со највисоките +3 (16:19). Домаќинот притисна за да се врати во игра, Еурофарм Пелистер играше мирно се одржуваше предноста од +3 за низ, а потоа и за +4. Вардар не се откажа и направи серија и во последната минута дојдоа на еден гол минус, а  не погодија за реми, па така бодовите патуваат за Битола.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер Реиниер Табоада со 6 гола, а Стипе Мандалиниќ постигна 5 гола.

Тимот на битолчани Мараш 4, Ојлевски 1, Марковски 2, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 5, Секељи, Радовиќ, Танковски 2, Костевски, Куковски, Божиќ-Павлетиќ 3, Граџан 1, Обрадовиќ, Табоада 6, Кизиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »