Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 промаши пенал во последните секунди и се врати со “реми“ во Битола

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 31:31 (16:16)

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци Гледачи: 500

Тиквеш: Стојаноски, Лазов, Дрогришки 3, Темелковски 3, Велков, Соколов, Колев, Стефановиќ, Гошевски, Милков, Кондев 11, Окардов, Коцев, Симиќ 8, Јанчев 6, Трпчевски

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Буторац 1, Ѓукиќ 3, Талевски 4, Стоилевски, Блажевски, В. Димитровски 5, Петар Атанасијевиќ 3, Ѓорговски 9, И. Димитровски 1, Белистојановски 3, Павле Атанасијевиќ 2, Петровиќ, Николовски, Табаковски

Во сенка на победата на Еурофарм Пелистер помина одличната игра на ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, кои одиграа реми со Тиквеш, а имаа пенал во последните секунди за победа.

Од почетокот на средбата натпреварот беше изедначен, екипите се менуваа во минималното водство. Во таа насола заврши и првото полувреме, нерешени 16:16.

Второто полувреме започна со водство на Еурофарм Пелистер 2 од три гола разлика, 17:20, а потоа се вратија во игра домашните и дојдоа до +2 (23:21). Потоа беше и 27:24 за Тиквеш, по што следуваше израмнување на 28:28 и и водство наПелистер 29:31. Домаќините со два гола во последната минута дојдоа до 31:31, а последните секунди беа одлучувачки за Еурофарм Пелистер, но Ѓорговски доби пенал во последните секунди, но шутираше крај голот.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше  Емилијан Ѓорговски со 9 постигнати гола.

More from ВестиMore posts in Вести »