Press "Enter" to skip to content

Пионерките на Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка, се пласираа во 1/4 финале (фото)

Пелистер Волеј – Македонија Макс 3:0

По младинките и кадетките еве и пионерките на Пелистер Волеј се пласираат во 1/4 финалето односно меѓу најдобрите 8 во Македонија. Совладана е екипата на Македонија Макс со максимални 3:0 или по сетови 25:11; 25:12; 25:06, со апсолутната доминација од почеток до крај и убедливата победа над струмичката екипа само го заокруживме она што беше зацртано како првична цел за оваа сезона со млади категории.-Огромен, огромен успех е ова за нас и честитки до сите одбојкарки. Благодарност до верната и бројна публика која е се поприсутна дури и кога играат најмалите што е најголем наш адут во овие натпревари, што пак само по себе дава една своевидна убавина, жар, емоции и секако мотив плус за овие наши млади одбојкарки, како и за одбојката како спорт со голем подем во Битола, рече тренерот Владимит Трифуновски.

More from ВестиMore posts in Вести »