Press "Enter" to skip to content

Еуерофарм Пелистер ќе брка -3 во Битола за пласман во четврт финале од Лига Европа

Нексе – Еурофарм Пелистер 29:26

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола од Нашице со негатива од -3 се враќаат во Битола, каде во реваншот, по седум дена, против екипата на Нексе ќе бркаат пласман во четвртиналето каде ќе го чекаат победникот од средбата Бидасоа и Гог Гудме. Во Нашице “пелистерци“ се поразени иако имаа прилика во завршницата да погодат и да се вратат со минимална разлика.

Првото полувреме започна рамноправно со грешки кај двете екипи, а потоа Нексе поведе со 4:1 и 5:2. “Пелистерци“ се вратија во натпреварот и дојдоа на 5:4, а во 20 Еурофарм Пелистер поведе. Финишот на првиот дел донесе неизвесност, а на одмор се отиде со 12:10 за Нексе.

Вториот дел започна со повеќе голови, а Нексе во заршницата, по последните 10 минути Нексе влезе со +4 (25:21). Во самиот финиш Табоада не реализира пенал за -1 негатива, а тоа домаќинот погоди и во Битола ќе патува со +3 гола.

Граџан со шест и Табоада со пет беа најпрецизни во битолскиот табор.

More from ВестиMore posts in Вести »