Отварање на експозитура во нов и наменски дизајниран простор на ова успешно Финансиско друштво кое е единствено во Македонија формирано од домашен капитал, е уште еден доказ дека станува збор за комапнија за која амбиентот во кој се работи треба да биде функционален и безбеден.-Како и на сите локации, така и на оваа жителите на Кичево, на булевар “Ослободување“ бр. 1 и околните општини ќе имаат пристап до сите услуги кои ги нуди оваа компанија.
Целта на тоа да одиме на нови локации со нови експозитури во помалите градови е она по што сме познати, а тоа е директниот контакт со финансовите комерцијалисти, многу важен за голем број наши клиенти за кои советувањето на шалтер е одлучувачки фактор за да се избере услуга и производ идеален за клиентот.
Нашата компанија е и пионер во дигитализација, нешто што е засилена стратегија за нашето комплетно работење. Но, исто така сме посветени и на ширење на нашата мрежа со експозитури, истакна м-р Томе Чагоровски менаџер за продажба и маркетинг на отварањето.
16 експозитура на СН финансии е сместена во простран и модерен деловен комплекс во центарот на Кичево во кој се сместени и четирите комапнии од СН групациајата: Евротип, Голд слот клуб, СН Осигурутелен брокер и ЈК Травел.

Од викендов, мрежата на експозитури на “СН финансии“ е збогатена со уште една модерна локација, во Кичево
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Инвертер топлинска пумпа во конзолна изведба само во “Бител“ Битола
- Ресторан “Вила Виста“ место за уживање во единствениот поглед
- “MICHELIN CrossClimate 2“ за сите сезони во “Мотоцентар“
- Наскоро во “Јавен адвертајзинг“ – академија за сметководство
- “КС Групација“ во партнерство со локални образовни институции за поддршка на младите и образованието (фотогалерија)