Press "Enter" to skip to content

Илинден, денот на енбриотранферот, му го донесе името на нашиот Илин

-Вака изгледа кога нашите ИВФ приказни стануваат реалност. Мајката има 34 години, се обидуваа за забременување 4 години, а причините за неплодност беа непознати. Во нашата ИВФ пракса сме имале потешки случаи од овој, со подолготрајна неплодност и до 30 години, каде сме пронашле решение, велат од болницата “Плодност“ од Битола и додаваат:

-Но, оваа приказна е интересна од друга причина – ембриотрансферот е направен на 2 август, ден Илинден. Аманетот на прим. д-р Таше Трпчевски беше, ако ова ИВФ резултира со бременост, машкото дете да се вика Илин, а доколку е женско, Илина. Родителите си останаа доследни на дадениот аманет на д-р Таше, тие добија син, кој сега го носи името Илин.Сепак, среќните родители кои ја напуштија болница “Плодност“ со огромна радост, ќе имаат шанса на останатите бебиња да им дадат име по нивен избор, бидејќи пациентката има уште три замрзнати ембриони. А портретот на д-р Таше, ембриологот Стефан и сестрата Снешка, ќе останат како траен спомен за доаѓањето на свет на нашиот Илин.