ЈКП “Водовод“ од Битола ги известува граѓаните дека поради замена на водоводна мрежа во наредните денови ќе следи прекин на водоснабдувањето на објектите во тој дел.
Прекини ќе има на левата страна од горниот дел на улица “Солунска“, односно од крстосницата со ул. “Орде Чопела“ до крстосница со ул. “Тошо Даскало”.