Press "Enter" to skip to content

Битолскиот Муфтија Амит Расими со порака до верниците за почетокот на Рамазанскиот пост

Денес на пладне во џамијата Хатуние во Битола, порака до верниците по повод престојните Рамазански пости, упати Амит Расими, Муфтија на муфтиствтото на ИВЗ Битола. Расимовски во пораката рече:

-Браќа и сестри верници. Во праг сме на месецот Рамазан каде што Алах не задолжува со пост, а постот е еден од петте главни столбови на верата. На тој начин што возвишениот господар ни наредува да од првата мугра односно од имсак па се до ифтар зајдисонце да апстинираме од храна, пијалоци и секакви лоши мисли и лоши дела, со цел да ги извршуваме правилно и прописно наредбите на возвишениот Алах. Месецот на Рамазан кој ни доаѓа е месец на милост, бериќет, опрост, спас, на хуманост и солидарност и на тој начин ќе си помагаме меѓу себе во овие денови на месец Рамазан, со цел светот да живее во мир, спокојство и далеку од лоши дела и лоши работи, вели во честитката битолскиот муфтија Амит Расими и додаде:

-Се наоѓаме пресрет на големиот месец Рамазан, а утре е првиот дел на месец Рамазан и верниците почнуваат со едномесечен пост. Вие кои верувавте, должност вие да постите, како и претходните генерации, со една цел да станете што поголазливи. Од рана мугра, верниците престануваат со јадење, секаква храна и пијалок, се до вечерните часови, се до заоѓањето на сонцето, а сето тоа да ја извршат наредната на возвишениот господат, да се доближат се повеќе до него и да бидат поискрени верници и да бидат поблиску едни до други. Месоцот Рамазан е месец на милост, простување и бериќет и месец кога се простуваат гревовите на верниците, кои овој месец треба да прават добри дела, да се помагаат едни со други и да бидеме похумани, а на верниците им порача:

-Во име на муфтиството на ИВЗ Битола во мое лично име на сите верници им посакувам лесен пост и прифатен пост кај возвишениот и прифатени добри дела.

More from ВестиMore posts in Вести »