Проректорот за наука на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола (УКЛО) проф. д-р Игор Неделковски, по покана од Европската Асоцијација на Универзитети (ЕУА) од Брисел, учествува во работата на фокусна група за Иновативно лидерство и управување со промени во високото образование, на Универзитетот Рамон Лул во Барселона, Шпанија. Во работата на фокусната група учествуваат 20 високи претставници (ректори, проректори, директори и сл.) од 20 универзитети членки на ЕУА и ќе се одвива на 31 март и 1 април.
Како резултат на работата на оваа фокусна група ќе се дoбијат насоки за успешно и иновативно справување и раководење со промените во високото образование кои претстојат во Европа, а се поттикнати од новите трендови како што се дигитализацијата, отворената наука и образовни ресурси и сл.
Поканата за учество на УКЛО во работата на оваа фокусна група на ЕУА е уште еден доказ за високот реноме што УКЛО го има во рамки на ЕУА. Во 2021 ЕУА изврши последователна евалуација на УКЛО при што даде доста позитивни мислења, а секако и серија препораки за подобрување. Европската асоцијација на универзитети (ЕУА) претставува повеќе од 850 универзитети и интер-универзитетски конференции од 48 европски земји. ЕУА игра клучна улога во Болоњскиот процес и во влијанието врз политиките на ЕУ за високото образование, истражување и иновации.
Од Република Северна Македонија полноправни членки се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Придружни членки на ЕУА се и државните универзитети во Штип и Тетово, како и Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово и Меѓународниот Балкански Универзитет – Скопје.

УКЛО поканет да учествува во работата на фокусна група на Европската Асоцијација на Универзитети (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




