Press "Enter" to skip to content

Во Битола 19 нови позитивни на ковид-19, оздравени 16, починато 1 лице

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.493 тестови, а регистрирани се 300 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 19.

Регистрирани сe 197 оздравени пациенти од Битола се 16.

До сега во Битола има 14.845 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се  180 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола  на 71 година.

Направени се во Битола 98 ковид тестови преку  ЦЈЗ Битола 78 и преку “Плодност“ 20.

Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.

More from ВестиMore posts in Вести »