Press "Enter" to skip to content

Денес два ракометни натпревари во Битола, двете екипи на Еурофарм Пелистер играат дома

Денес во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ битолчани ќе имаат можност да гледаат два ракометни натпревари, во ракмките на редовното коло од плеј-офот.

Лидерот Еурофарм Пелистер во 15 часот, го пречекува Охрид и според тоа како играат, и по победата над Вардар во Скопје, тоа треба да биде лесна победа на битолчани. Пелистер има 11 победи по ред против Охрид.

Веднаш по тој меч, во 18 часот, на паркетот во Битола ќе излезат вториот тим на Еурофарм Пелистер против актуелниот првак Вардар.  Еурофарм Пелистер 2 пред пет месеци успеа да направи чудо и го победи Вардар во Битола со 27:26, прв пораз на шампионот сезонава.

More from ВестиMore posts in Вести »