Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер над Охрид во Битола во 4. коло од плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Охрид 29:23 (16:13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 1.500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Мараш 3, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ 5, Танкоски, Периќ 4, Костески 4, Кукоски, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 4, Обрадовиќ 1, Табоада 3

Седмерци: 2/2, исклучувања:

Охрид: Брауновиќ, Ацев, Андоноски 2, Кривокапиќ 5, Костов, Шипинкоски, Николов 6, Шилегов 1, Ковачески, Младеновиќ, Тасески 2, Грубор, Манасков 2, Ивановски 5, Ристески, Димитриески.

Седмерци: 7/6, исклучувања: 4 минути.Во рамките на ракометната суперлига, во Битола се одигра 4.коло во плеј-оф, а екипата на Еурофарм Пелистер дојде до нова победа, пред 1.500 љубители на ракометот, а во салата беа и навивачите на Охрид, а сето тоа допринесе за убав ракометен амбиент. Пелистерци го совладаа Охрид со резултат 29:23, полувреме 16:13, а треба да се спомене и тоа што по и еден месец Јосип Периќ се врати во тимот.Еурофарм Пелистер на стартот на натпреварот почнаа со добра игра во одбраната, а како резултат на таквата игра поведе со 7:3. Пелистер продолжи со добра игра и разликата се искачи на +6. Следуваше добра игра на гостите во финишот на првото полувреме и намалија на -3, а на одмор се отиде со 16:13.В0 вториот дел екипата на Охрид започна мотивирано и во 41. минута израмни на 19:19, по што следеа голови на Периќ и Мараш за враќање на позитивната разлика. И тајм аутот на охриѓани не донесе ништо нови, а со одрбаните на Секељи “пелистерци“ дојдоа на +5, а потоа рутински го завршија натпреварот со конечни 29:23. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со 5 и Костески, Периќ и Граџан со по 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »