Press "Enter" to skip to content

Во Битола 29 нови позитивни на ковид-19, оздравени 34, активни 167 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.212 тестови, а регистрирани се 236 нови случаи со КОВИД-19 од Битола се 29.

Од 252 оздравени пациенти од Битола се 34.

До сега во Битола има 14.905 лиц акои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 167 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани нови починати лица.

Направени се во Битола  112 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 80 и преку “Плодност“ 32.

Досега во земјата се направени вкупно 1.972.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.947, бројот на оздравени пациенти е 296.166, на починати е 9.231, а на активни случаи изнесува 1.550.

More from ВестиMore posts in Вести »