Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: Нексе по еден параметар е меѓу најдобрите во Европа, а нема да го кажам

Денес со почеток во 18,45 часот во Битола ќе се одигра реванш средбата помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе во рамките на осмина финалето од Европската лига. “Пелистерци“ влегуваа со -3, но и со отимизам дека тие три гола се достижи и со огромна поддршка на навивачите во спортската сала во Битола, кои само за 44 минути ги купија сите влезници за вечерва.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ вели дека тимот е подготвен за вечерашниот предизвикот, секако со пофални зборови за ривалот, а на редовната прес конференција, пред натпреварот рече:

-Се подготвуваме нормално, иако имавме натпревар во саботата. Одигравме агресивно и добро, па победивме. Имавме видео анализа на Нексе, денес ќе имаме тренинг со понизок интензитет, како и утре пред дуелот. Сметам дека екипата на Нексе по еден параметар е меѓу подобрите во Европа, ама не сакам да откријам за што се работи. Ние сме подготвени за реваншот. Периќ не е 100% спремен, се враќа по повредата. Секако дека тој е важен играч, капитен е на тимот ама екипата покажа дека може да победува и без него. Сакам тој секогаш да е тука, но во Еурофарм Пелистер тимот е посилен од поединците.

Екипата Нексе веќе трет ден, од неделата, е во Битола, тренираше два дена во “Боро Чурлевски“, а и тие потенцираат дека ќе биде тешко да се игра вечерва во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »