Press "Enter" to skip to content

Објавен повик за учесници од 15 до 29 години за проектот “Антициганизам во моето соседство“

Дискриминацијата и говорот на омраза се многу важно прашање што сè уште е присутно во денешното современо општество. Младите од другите малцинства се особено засегнати по ова прашање. Малцинството кое сè уште најмногу се соочува со дискриминација во Северна Македонија се Ромите. Секојдневно гледаме примери на дискриминација на млади Роми, особено во образовниот процес и процесот на вработување кои се една од најважните гранки на општеството кои овозможуваат пристоен и успешен живот.

Во Битола има околу 5000 Роми. Голем број истражувања ги идентификуваа Ромите како најобесправената етничка група во Северна Македонија, а нивните основни права се загрозени во сите области на јавниот сектор, вклучително образованието, вработувањето, здравството и социјалната заштита и други услуги. Ова е јасно прикажано во „Извештајот во сенка“ за имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Северна Македонија што беше развиен во проектот „Заедничка иницијатива за зајакнување на ромското граѓанско општество во Западен Балкан и Турција“ поддржан од Европската Унија, повик Europe Aid /150147/DH/ACT/PRAREG, проект број 2015/370-300 имплементиран од „Рома Актив“, Албанија и нејзиниот партнер за Северна Македонија, Регионалната ромска образовна младинска асоцијација – РРOMA.

Овој извештај јасно ги покажува последиците од дискриминацијата и говорот на омраза, особено во делот за антициганизмот каде што можеме да прочитаме дека децата Роми сè уште се сегрегирани во училиштата, образовните книги се преполни со стереотипи и дискриминација кон Ромите и во областа за вработување Ромите сè уште добиваат послабо платени работни места и не се правично застапени во јавните институции.

Нашиот неодамна спроведен тренинг курс од нашиот тековен Еразмус + проект „Антициганизам и дигитални медиуми“ (2020-3- MK01-KA105-094479) во Битола, покажа дека локалните Роми не се информирани за овој термин и не поседуваат вештини и знаења за да се борат против него, а мнозинствот тоа не го смета за свој проблем затоа што не се припадници на ромската заедница. Вестите се полни со примери каде Ромите се негативно прикажани, а социјалните мрежи сведочат за говорот на омраза во објавите и коментарите кои секојдневно ги читаме.

Јасно е дека антициганизмот е многу присутен во нашата национална и локална средина  дека треба да го решиме овој проблем. Како организација која работи со Ромите како наша главна целна група, ова прашање директно не засега и треба да обезбедиме активности за луѓето, особено за младите Роми и неРоми во Битола, за да ги едуцираме, информираме и  свестиме за проблемот.

Затоа го предлагаме овој проект чии цели се:  Да се воведе поимот „антициганизам“ пошироко во локалната заедница вклучувајќи ги начините за спречување и борба против него; Стекнување на знаење и вештини за како да препознаете лажни вести во дигиталните медиуми со акцент на социјалните мрежи како начин за борба против „антицигизмот“; Да се зголемат дигиталните вештини на младите, особено на Ромите, преку препознавање на лажни вести во дигиталните медиуми; Да се зајакнат и развијат вештините на младите Роми, не-Роми и младинските работници со цел да се овозможи да ги едуцираме младите како успешно да се борат против дискриминацијата, стереотипите и говорот на омраза на локално ниво; Да се промовира еднаквоста и правото на поединецот да биде различен, давајќи им шанси на сите; Да се зајакне интеркултурната свест; Да се промовира поголемо активно учество во општеството; Да се зголеми мотивацијата за учество во понатамошно образование или обуки;  Да се подобрат комуникациските и презентациските вештини на учесниците; Да се промовира инклузија на Ромите како луѓе со помалку можности, со акцент на младите; Да се зајакне соработката помеѓу нашата организација и локалните институции и организации за размена на добри практики и знаења со цел да се промовираат одржливи пристапи и алатки за социјална инклузија на младите кои одговараат на директните потреби на локалните заедници и младите Роми, особено во борбата против антициганизмот.

Учесници се млади Роми, не-Роми и младински работници (возраст 15-29 години) кои работат со Роми, кои што ќе го зајакнат и развијат своето знаење за борба против дискриминацијата, говорот на омраза, расизмот и стереотипите во дигиталните медиуми поврзани со антициганизмот. По изборот на учесниците ќе се одржи онлајн состанок преку Zoom за подготовка.

Проектот вклучува три настани кои ќе се случат во втората половина на месец април и првата половина на месец мај 2022 година. Тие се:

Настан 1 – Вовед во антициганизмот – Запознавање на учесниците со терминот „антициганизам“ (значење, историја, кога станал релевантен итн.)

Настан 2 – Лажни вести и дигитални медиуми, Преку дискусија и споделување на искуства учесниците ќе го потврдат и прошират своето знаење за дигиталните медиуми со акцент на социјалните мрежи. Исто така, тие ќе ги научат најновите факти за темата.

Настан 3 – Како да се борите против антициганизмот. Учесниците ќе се запознаат со методите за борба против антициганизмот.

Дисеминација на резултатите од проектот: Учесниците вклучени во проектот ќе имаат задача да го споделат знаењето со локалното население. За да го направат тоа учесниците ќе треба да организираат работилници поврзани со темата со локалната заедница. Целна група на активностите ќе бидат млади луѓе, студенти и сите останати кои што ќе покажат интерес да присуствуваат на работилниците.

Организацијата „Сумнал“ ќе објави статија од секој учесник за неговото/нејзиното искуство со проектот. Создадените видеа ќе бидат споделени на социјалните мрежи. Настаните ќе се одвиваат во конференциска сала во еден од хотелите во Битола. За деталите ќе бидете дополнително известени.

На учесниците коишто ќе доаѓаат надвор од Битола ќе им бидат надоместени трошоците за превоз во висина на трошокот од билетите, по доставување на оригиналните билети како доказ. За учесниците кои немаат пристап до јавен превоз, „Сумнал“ ќе го организира превозот.

Проектот е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Севрна Македонија преку Еразмус + програмата.