Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, денес се одржа ждрепката за двата полуфинални натпревари од Купот на Македонија, а меѓу четирите екипи кои оезбедија полуфинале е екипата на Пелистер од Битола.
Денешната жребка сакаше во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ да играат екипите на Пелистер и Силекс, а другата полуфинална двојка е Струга ТЉ и Македонија ЃП.
Полуфиналето во Купот во Битола ќе се игра на 20 април, со почеток во 16 часот, а ќе се игра само еден натпревар.