Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Шкендија во Битола, под Тумбекафе (фотогалерија)

Пелистер – Шкендија 0:2 (0:0)

Екипата на Пелистер продолжува со негативните резултати, а денес во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ во рамките на редедното коло во Првата македонска фудбалска лига е поразен од Шкендија 0:2, полувреме 0:о.Првиот дел помина во знак на фудбалерите на Шкендија, но кои немаа некои сериозно шанси за гол, а ударите кон голот на Трајчевски беа од далечина.  Во 30. и 35. минута Билаи и Дориев биеја покрај голот на Пелистер, во судиското време Хасани биеше над пречката.Вториот дел во Битола започна со изгледни шанси за гол на двете страни. Во 47. минута ударот на Дориев Трајчевски одлично го одбрани. Пелистер не погоди преку Али кој со глава биеше над голот и Драгарски од само пет метри ја погоди пречката. Во 65. минута по една одлична тимска акција Маневски погоди за водство на Шкендија од 0:1. Во 68. минута Ричков не пооди зицер, а во 74. минута двапати се тресеше пречката не остигнаа гол Драгарски и Љамчевски.  Во 78. минута Нафиу од неколку метри ја потврди победата.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »