Press "Enter" to skip to content

Некогаш и сега: Илија Димовски – светло мајстор во Народен театар Битола: понекогаш глумците се заигруваа на сцената и подолго од претставата, па моравме светлото да им го гаснеме

Жанета Ристевска

-Кога од  работното место од РЕК битола отидов мајстор за светло во  НУ Народен театар за дупло помала плата сопругата Славица ми се налути и не ми зборуваше подолго време.

-“Театарот – Тоа е местото каде што понекогаш само во еден миг се создава “чудо“, онаа “магија“ што го обзема гледачот и остава трајни траги во неговата душа“.  За “магијата“ многу придонесува светлото на сцената. Вообичаено светло мајсторот ги „осветлува“ идеите на режисерот и сценографот. Светло мајсторот работи во „сенка“ на се друго од претствата, но неговата улога значајна. Во рубриката “Некогаш и денес“, Илија Димовски мајстор на светло  во НУ Народен театар Битола кој низ својата животна приказна раскажа за  еден златен период на НУ Народен театар Битола. Во својот работен век 35 години во битолскиот театар  работел на  повеќе од 250 претстави, соработувал со многу  доајени на театарската уметност: режисери, актери, сценографи… отишол на скоро сите турнеи, фестивали и гостувања со битолскиот  театар  осветлувајќи ги претставите во многу хали низ светот. Но, и светло мајстор на други фестивали: “Браќа Манаки“, “Илинденски денови“, “Интерфест“, “Серенада Фест“, фестивалот “Млад актер“ сите детски фестивали, “Битолско лето“… Награден за најдобар работник во 1994 година. Награда за светло мајстор не постои, не знам зошто, ни кажа.  Започнавме спонтано.-Кога од  работното место од РЕК “Битола“ отидов мајстор за светло во  НУ Народен Театар театар за дупло помала плата сопругата Славица ми се налути и не ми зборуваше подолго време. Имено најпрво дојдов да го заменам мајстор светло кој беше на боледување. Потоа Благоја Стефановски – Баге ми предложи да останам. Останав и не зажалив во ниеден момент,  35 во театарот години од 1986 година до пред 2 месеци кога заминав во пензија. Тука ги поминав најубавите години  со сите вработени: актери, технички персонал, соработка со многу режисери…Заедно работевма на светло со колегата Димче Спасевски Моши, но подолг период работев и сосема сам.За деновите поминати во театарот продолжи

-Постоеше голем ентуијазам, се работеше и не знаевме што повеќе да направиме,за и во претставите.  Не постоеше завидливост во однос на поделба на улоги, хонорари. Друго време беше,меѓучовечките односи беа добри, можеби и допринесоа за големиот успех на  претставите од  битолскиот театар за кои се зборуваше долго, а беа и остана култни. Се присетувам дека на една претстава глумците толку се уиграа што ја  продолжија претставата, самите надовразувајќи ги репликите, понесени. Публиката ниту примети дека од еден час и половина се продолжи на повеќе од 2 часа. Моравме да го изгасниме светлото за да ја прекинат претставата. Не можам да ги заборавам тие и многу други случки…

Дали такво беше времето се беше поинаку од денес. Сме останувале и до сабајле во бифето со „тешки“  филозофски разговори или со смеење до солзи, сите заедно,но  и со нашите сопруги.  Дружењето, колегијалноста, моментите поминатаи на турнеи скоро низ цел свет со сите колеги не се забораваат. патувајќо со театарот од  Европа, Австарилија, САД, преку СССР, Кина, Израел… не бев само во Јапонија, Индија, Јужна Америка. Имаше заедништво, живеевме сите и со семејствата се надоврза сопругата  Славица. Нема да ги заборавам деновите поминати заедно  на Охрисдко лето кога закупуваваме куќи сите актери, технички персонал со своите семејстваа и поминувавме незаборавни моменти. Дружењето не може ни да се спореди со ова што е денес. Но секое време си носи убавини, но и  секое „време носи свое бреме“.

Вака неформално го  започнавме разговорот  со мојот соговорни во Некогаш и денес Илија Димовски  во неговиот дом каде со сопругата Славица  љубезно не дочакаа и разгледувајќи и одбирајќи ги  фотографиите за објавата се присетија за еден убав период од животот. Раскажувајќи за своето работно место светло мајстор всушност тој многу повеќе зборуваше за заедништвото, солидарноста, дружењето меѓу колегите кое и вистински останува… и златно време на битолскиот театар кога премиерите беа свечени, се бараше карта повеќе.Многу често светлото ја доловува “магијата“ на сцената и претставата… Кој го осмислува светлото во една претстава и колкав беше предизвикот да се одговори на тежината на ова работно место?

-Светлото како и музиката допринесува за магијата на сцената односно по мое мислење ја прави  50 проценти за претставата. Светлото го осмислува режисерот, но потоа во соработка со светло мајсторот се реализира. Тука доаѓа до израз креативноста, искуството и техничката подготвеност на светло мајсторот да излезе во пресрет на идеите на режисерот. Ова може, ова не може. Да речам светло мајсторот ги осветлува идеите на режисерот. Во поднос на тежината на барањата на светло мајсторот ќе кажам дека ништи не ми беше тешко, работев со голем ентузијазам и посветеност, за да биди се како шрто треба. Имам соработувано со многу. Би ја издвоил  претставата “Магбет“ во режија на Љубиша Ристиќ, која се изведуваше на платформи на брод од пристаниште во Охрид до  “Св. Наум“- Билјанини извори.На оваа претстава работевме 4 мајстор светла имаше дури и рефлектори во езорото.  Имаше случка кога заради тежина една од платформите се навали, некако пропадна и еден фотограф падна во водата. Имаше и други смешни случки и доживувања со актери кои и до ден денес се прераскажуваат.  Мораше да се прилагодува светлото цел ден пред вечерта да биде претставата. Во Сиднеј Австралија, потоа во Германија, Хамбург кога претставата “Со Тито“ се играше во 7 хали и во сите мораше да се намести повторно и повторно.Со кои режисери и доајени на театарот имате соработувано ? И кој бараше најповеќе?

-Многу претстави и режисери и од Македонија и од други држави. Ќе набројам некои, но заради простор и не можам да ги набројам сите. Режисери  Љубиша Георгиевски, Љупчо Ѓорѓиевски – Бубе , Владо Цветановски, Ангелчо Илиевски, Бранко Ставрев, Дејан Пројковски, Ненад Витанов, Звездана Ангеловска…од Македонија од други земји Љубиша Ристиќ, Бранко Брезовец, Вук Торбица, Азаријан, Јон Карамитру, Џон Блондел… Претстави: “Македонска крвава свадба“, “Парите се отепувачка“, “Евангекие по сенките“,  “Женидба“, “Магбет“, “Хенри VI“, “Јане Задрогаз“, “Магбет, “Мачка на вжештениот лимен покрив“… Со актери од постарата генерација доајени  Илко Стефановски, покојниот Благоја Стефановски Баге, Владимир Талевски, Благоја Чоревски, Петар Мирчевски. И од сите други генерации Соња Михајловска, Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски…Во однос на тоа кој бараше најповеќе ќе го издвојам режисрот Бранко Брезовец. Би издвоил само  само дека најкомпликувано беше кога гостуваваме со претставата „Со Тито“ на режисерот Бранко Брезовец  на турнејата во Германија кога мораше да се намести севтло во  девет хали во Хамбург,  Берлин.За големите турнеи на НУ Народниот театар Битола

-Австралија (2 турнеи 1987 и 2000 год.) САД, Канада, СССР, Италија, Франција, Полска, Бугарија, Израел, Кина  и низ сите југословенски републики на театарските фестивали. Тоа беа и театарски фестивали “Стеријно позорје“, “МЕС“, “Саем на театри“ во Словенија, “Нушичеви дани“, „Охридско лето“… За разлика од актерите, режисерот кои ја носат претсвата  и се во прв план. Како мајстор на светло јас бев потребен за секоја претстава и за разлика од некои актери кои не учествуваа во некоја претстава не мораше да доаѓаат на турнеи. Но, јас морав, но со тоа и го прошетав скоро цел свет вдолж и попреку, до Кина, Израел, Америка… најголемите турнеи  беа во Австалија и по месец и подолго. Другите беа пократки до 10 денови. Фотографиите зборуваат за тоа како си поминувавме на сите турнеи со колегите, со посета на познатите многу културни споменици и значајни места. Нашите насмеани лица зборуваат за тоам какао си поминуваваме.На Охридско лето

-Кога битолскиот театар гостуваше со претстава  на Охридско лето вообичаено таму поминуваваме подолг период.  Затоа се закупуваа неколку куќи покрај езерото додека траеше фестивалот и се изведуваше претставата.  Преку ден имавме проби, а откога ќе завршевме имаше дружење меѓу сите. Седенски, мајтапи, смеење до зори. Такви седенки нема денес можеби тогаш ги немаше телефоните кои денес го окупираат внимението на секој и имаше друга вистинска комуникација. Не сакам да кажам дека тогаш беше подобро, дека секое време си носи свои карактеристики и има свои позитивни и негативни страни. Усовршување на работното место

-Најпрво имавме еден пулт со дискети на кои се снимаше  претставата. Со воведување  на компјтер на почетокот видов малку мака, но потоа се беше подобрено во однос на техника.

 

Во однос на  техниката за светло кои театри низ светот располагаат со подобри технички услови и технологија за работа?

-Има голема разлика  особено кога отидовме во сиднеј во Опера хаус. Потоа Во германија ., Берлин, Хамбург… А од светло мајсторите најголеми работници се Французите., кои со сати работеа значи не завршпуваат порано до работното време и повече. Од СССР најчесто  доаѓаа светло мајстори девојки, жени инженери кои праве се многу побавно и прецизно. Или нас од машка страна се ни изгледаше побавно.Пензионерски денови

-Сега ќе му се посветам на мојата сопруга и семејството кои ми даваа голема поддршка сите овие години. Сега ќе уживам во пензионерските демнови со моите внуци Филип кој секогаш ми помага кога ги поправам било да е велосипед, мотор, автомобилот. Потоа Марко кој ми свири на пиано. И најамалата Ника која е умница и сака да биде премиерка. Ќе имам повеќе време да се посветам на моето лозје.Театарот уметнички ги поврзува животот и стварноста. Избирајќи го задоволството и љубовта кон работата сигурно е дека не погрешил. Како мајстор на светло  соработувал со најголемите режисери, актери, доајени на театарот, светло мајстори, и други … кај нас, но и од други држави други простори. Поголемо богатсво нема. Но сепак останал скромен, едноставен човек, со традиционалните семејни вредности.  Со своето семејство тој е уште побогат.  Нема повеќе што да се каже освен дека се потврдува “Во едноставноста е генијалноста“ – (А. Ајнштајн).

More from ВестиMore posts in Вести »