На 06.04.2022 во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – село Могила, кај поранешна „Тулана“ настанал пожар. Од страна на територијалната против пожарна единица Битола пожарот набрзо бил локализиран, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 06.04.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 30 возачи, од кои на територијата на Ресен биле изречени 10 санкции, 11 на територија на Битола, 6 на територијата на Прилеп, а 3 санкции во Македонски Брод. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.