Press "Enter" to skip to content

Цане Георгиевски по втор пат на чело на боксерските судии

Боксот во Битола има богата традиција. Почетоците се некаде во 1908 година, а првиот професионалем меч е одржан во 1036 година. Овој спорт масовно почнува да се развива од 1945 година наваму. Низ битолскиот ринг минале десеттици имиња кои ја пренесле славата на градот и низ просторите на поранешна Југославија. Покрај бројните републички и државни прваци во кои за паметење ќе биде и името на Цане Георгивски, кои битолчани го познаваат како “Цане Боксеро“, кој е единствен во Македонија со бројните судиски титули.

Георгиевски со бокс се занимаваше повеќе години, но тоа што го оствари како судија, тешко кој ќе го надмине. Тука нема простор да ги набројуваме сите негови судиски титули, но ќе споменам дека судиски титули, дека судел на бројни боксерски мечеви во Македонија, на ринговите на просторите на поранешна Југославија, правдата на рингот ја делел на 8 европски и три светски првенства.

Денеска во Македонија има триесеттина боксерски судии меѓу кои и две жени. Како добар познавач на боксерските правила и норми, Цане Георгиевски прв пат за претседател на Судиската организација н БСМ е избран во 2оо2 година и тоа во времето на мошне познатите боксерски судии, браќата Панче и Мирко Леов, Мики Видановиќ, Пане Стошевски, Фотевски, Љубомир Сибиновиќ, Перо Неделковски и други.

Годинава популарниот Цане Георгиевски, по втор пат е избран за претседател на Судиската елита на БФМ. Тоа, без сомнение е големо признание за него, но и за Битола. Инаку, да потсетиме дека Цане Георгиевски е основач на БК Битола и организатор на Првото младинско европско првенство во бокс што се одржа во Битола, а сега има желба да го обнови овој клуб со што бројот на боксерските клубови во градот под Пелистер ќе се зголеми на неколку.

Д. Миновски

More from ВестиMore posts in Вести »