Press "Enter" to skip to content

“Наша планета, наше здравје“, учениците од “Св. Кирил и Методиј“ го одбележаа 7. Ашрил, Светскиот ден на здравјето (фото)

-На Светскиот ден на здарвјето. 7-ми април учениците од ОУ “Св. Кирил и Методиј“  во Битола, презентираа, дискутираа, твореа и испратија пораки за горливите прашања на денешницата:

-Дали можеме повторно да го замислиме светот во кој чистиот воздух, вода и храна се достапни за сите? Дали може да замислиме свет каде економиите се фокусирани на здравјето и благосостојбата, свет каде градовите се погодни за живеење, а луѓето имаат контрола врз нивното здравје и здравјето на целокупната планета?ОУ „Св Кирил и Методиј“ Битола во соработка со Центарот за јавно здравје го одбележааа светскиот ден на здравјето.Тимот за грижа на здравјето организираа голем број активности низ кои учениците стануваа свесни за опасностите по  човековото здравје предизвикани од биолошки агенси во човековата средина во водата, храната, воздухот и почвата, кои придонесуваат и за прерана смрт на милиони луѓе, главно доенчиња и деца, како и за лошо здравје или инвалидитет на уште стотици милиони.„Врз основа на презентација НАША ПЛАНЕТА НАШЕ ЗДРАВЈЕ “ИСЧИСТЕТЕ ГИ НАШИОТ ВОЗДУХ, ВОДА И ХРАНА” дискутираа, презентираа, твореа, цртаа, украсуваа платнени и хартиени кеси од рециклирана хартија за нивна реупотреба.Сето ова низ  интергрирани активности на часови по македонски јазик, ликовно образование, природни науки, биологија прилагодени спрема возраст на учениците. Активностите беа координирани од Тимот за грижа на здарвјето  во училиштето. Учениците преку своите презентации и творби испратија пораки: возете велосипеди со цел да се подобри квалитетот на воздухот и да се овозможат дополнителни здравствени придобивки, да ги заштитиме изворите на вода така што ќе спречиме отпадоците и хемикалиите да влезат во нашите езера и реки, како и:-Тутунот убива – го загадува воздухот, предизвикува голема зависност и болести како рак на белите дробови, да го намалиме  пластичниот отпад – употребата на најлонските кеси да се замени со платнени и кеси изработени од рециклирана хартија, а на крај ја упатија пораката:

-Реупотреби, редуцирај, рециклирај!

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »