Press "Enter" to skip to content

Синоќа во НТБ Битола премиера на претставата “Мајка“ во режија на Благој Мицевски

Синоќа на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар во Битола ср одигра премиерата на претставата “Мајка“ во режија на Благој Мицевски.

Пиесата „Мајка“ е оптимално драматуршки функционален текст, со парадоксална структура која лесно се витка (п)од загатката што ни ја поставува авторот преку играта на реалностите (дали настаните навистина се случуваат или се предадени само преку претставата-халуцинација на Мајката, или се случува и едното и другото, или секој од ликовите носи своја претстава за настаните?) со јазик што е лексички едноставен и непретенциозен по смисла.Текстот „Мајка“ остава впечаток дека е напишан со ноншалантност и леснотија поради префинетата духовитост и приемлив ритам на дијалозите, но неговата структура крие прецизна аутопсија на човечкото Јас во областа на секојдневните човечки односи, во кои опстојува смислата на постоењето.

Режијата е на Благој Мицевски, а во претставата играат: Соња Михајлова, Петар Горко, Марија Стефановска и Антонио Китановски.

Сценографијаат е на Валентин Светозарев, видео и костим Благој Мицевски, музика Александар Димовски, а светло го постави Игор Мицевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »