Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: одбележан денот на Ромите, како и ги доликува со песна и игра

Деновиве се прослави Денот на Ромите, 8 април, кој секоја година се прославува и во Битола, а последните 10 или 15 години на плоштадот “Магнолија“ во Битола. Сакам да им го честитам денот и да кажам дека Ромите се дел од Битола сега, а се останати во колективната меморија на битолчани и стотина години наназад, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.

-Сакам да споменам дека пред 10 години и многу порано, во изминатите 50-60 години, Ромите со својот талент за музика и игра, најголем дел без музичко училиште, можевме да ги слушнеме по разни поводи, но како поминува времето сега нив ги нема со малите музички групи низ Битола. Мене, а се надевам и на останатите мои врсници, ми недостасува, посебно на нас кои живееме во подножјето на Баирот, и тие ни поминуваа пред портите, вели Миновски.

Но, да дополнам дека Роми имало и во останатите дејности и живот во Битола. Јас како поранешен спортски новинар морам да ги пофалам боксерите со Ромско потекло кои оставија голема трага во битолскиот бокс, а имало успешни Роми, секако во помал број во музиката, низ Чаршијата, низ пазарот… 

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »