Press "Enter" to skip to content

СОНК: според наши сознанија се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, на прес-конференција соопшти дека според нивни сознанија се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките, и тие што не се членови на СОНК масовно се вклучуваат во штрајкот.

Генералниот штрајк кој почна денеска заради исполнување на барањето веднаш да се зголемат платите во дејностите образование и детска заштита.

-Околу 25 илјади вработени во училиштата и градинките денеска се вклучиле во штрајкот, а минорен е, како што рече,  бројот и не е повеќе од илјада на тие што не учествуваат. Мал бил бројот на ученици во основните и средните училишта и релативно мал број на деца во градинките. Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете  било оставено пред врата. Најважно е што е пратена пораката до надлежните која е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус. За една градинка во Битола рече дека има основа да поднесат кривична пријава, зашто се барало списоци, што е спротивно на правилата на штрајкување и на законите, истакна Неделков.

Неделков имал краток разговор со министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој му најавил дека  можеби ќе се сретнат утре, а штрајкот ќе продолжи и утре зашто дури и вечерва да има средба со претставници од Владата и да има согласност, ќе треба предлозите да одат во процедура кај членството и да добијат овластување за евентуално прекин на штрајкот или одбивање на предлогот. 

More from ВестиMore posts in Вести »