Press "Enter" to skip to content

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Ѓорѓија Сајковски во Битола, започнаа широки активности на терен, “Промените се случуваат, секогаш со народот“

Во работна посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ беше Ѓорѓија Сајковски, генерален секретар, кој покрај посетата и состанокот со битолскиот Извршен комитет имаше средба и со Месниот комитет “Елпида Караманди“ во Битола, со што започнаа актовностите на терен, под слоганот “Промените се случуваат, секогаш со народот“.Сајковски вели дека средбата помина во одлична атмосфера, со силна желба за промени и заедничко дефинирање на нашите цели за Битола да биде место кое нуди можности за сите граѓани.-Денес започнуваат широки активности на терен под  слоганот “Промените се случуваат, секогаш со народот. Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога е најтешко сме биле со народот, така остануваме и сега. Укажуваме на сите дека позитивните промени кои се случија во локалната власт мора да се случат и на централно ниво, а оваа власт мора да си замине. Мора, да си замине за да се запрат криминалот, корупцијата, за да оди државата напред, само со нова власт. Надеж да дадеме на сите граѓани во Македонија, дека може подобро и знаеме како. Ги повикуваме сите граѓани да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ за да се спречат штетните договори со Бугарија и да и дадеме шанса на нашата држава, рече Сајковски и додаде дека ги поддржуваме барањата на просветните работници бидејќи нивните барања се реални.

More from ВестиMore posts in Вести »