На третиот мастерс од вкупно предвидените седум од првенството на Македонија во “американски пул билјард“ се играше 14 1 или во светот позната уште и како “straight pool billiard“ во Гран клуб Скопје, а настапија и играчите од Битола.
Најуспешен на турнирот беше Тино Бојаџиев од Битола, освојувајќи го второто место и само ја потврдува високата класа. Особено беше фуриозен во полуфиналето кое го заврши скоро без грешка. Со освоените бодови е само 70 бода зад водечкиот во генерален пласман.
Илче Трајковски го освои трет пад по ред 5. место исто како и младата битолска надеж Христо Василевски, а судии на сите турнири се Горан Петровски и Горан Думевски од Битола.
Инаку, се работи за најстарата игра од пул игрите која што како повторно да зема замав и се повеќе добива на популарност, а тоа е игра која навидум е лесна, но се работи за многу интересна и игра која бара и стрпливост и итрина и држење фокус на подолг период. Игра со многу замки и каде послабиот играч скоро и да нема шанси.
Како што е познато во “А“ дивизијата настапуваме со четворица натпреварувачи од вкупно 16, кој се фиксни за оваа година, а битолчани се во безбедна зона и не стравуваат од испаѓање.