Деновиве во Будимпешта (28.03.2022) и Вашингтон (06.04) е промовирана книгата “In the Centennial Footsteps of the Great War” од авторот Attila Szalay-Berzeviczy.
Она што е интересно во овој случај е што покрај Сараево, Верден, Марна, Таненберг итн, свое место во книгата најдоа и дел од локациите од Македонскиот фронт.

Низ историјата, сите војни добивале имиња, но не и онаа на која е посветена книгата во два тома на Атила Шалај Бержевичи. Таа беше едноставно нареченa „Голема војна“ бидејќи била најсмртоносна и најразурнувачка војна дотогаш. Кога започнала сите мислеле ќе трае 4 месеци, но траела 4 години. Нерешените прашања од Првата светска војна, 20 години подоцна довеле до Втората светска војна.

Жртвите и штетите направени пред еден век, треба секогаш да се паметат бидејќи мирот никогаш не може да се земе здраво за готово. Разбирањето на причините, околностите и последиците од Првата светска војна ќе ни помогне да ја спречиме Третата светска војна.
Големата војна засекогаш го промени светот и го обликуваше дваесеттиот век. Таа го означи крајот на британската и француската колонијални империи и доведе до формирањето на Австралија, Нов Зеланд, Канада, Ирска и Полска како нови суверени држави. Доведе до крајот на германската, австроунгарската, руската и отоманската монархија и ги доведе Соединетите Американски Држави до статус на глобална сила.
Големата војна резултираше со воспоставување на Советскиот Сојуз, Југославија, Чехословачка и проширена Романија, заедно со нови земји на преобликуваниот Блиски Исток, и ја постави основата за уште поразорна војна дваесетина години подоцна, поттикнувајќи брутална борба меѓу капитализам, фашизам и комунизам.
По овие епски промени, не е изненадување што сто години подоцна, наследството од Големата војна сè уште е дел од нашето секојдневие.
На 01.06 книгата ќе биде промовирана во Лондон, а на 01.11 е закажана промоцијата во Белград.
Повеќе: https://www.greatwarbook.com/en/