Познатите академски сликари, сопружниците Љубица Мешкова-Солак и Димитар Солаковски вчера го означија почетокот со работа на нивната “Solak gallery & concept store“.Ова е една храбра бизнис одлука ако се знае дека приватните галерии се реткост на овие простори, за разлика од светот во кој тие се дел од општествената реалност.
-Нашата заложба е воспоставување на одржлива културна сцена во градот и секако промоција пошироко, а притоа уметниците би добиле можност да ги презентираат своите дела во еден современ простор кој ќе ги приближи до нивните купци. Имаме уметнички дела од реномирани македонски сликари и скулптори, а имаме и интересни парчиња применета уметност од веќе етаблирани дизајнерски уметнички брендови, истакна Буба Мешкова-Солак.
Не треба да се чекаат подобри времиња, за да се приближи уметноста до вистинските почитувачи.
“Solak gallery & concept store“ е новиот прозорец кон уметноста и применетата уметност која ја потпишуваат бројни македонски уметници кои овој пар ги избра да ги изложи на продажба во овој осмислен простор.
Во “Solak gallery & concept store“ има од прекрасни уметнички ситници до раскошни платна.
Посетете ги на аголот од улицата “Димитар Илиевски Мурато“, кај кестосницата кај “Гроздо“.

Битола доби приватна уметничка галерија и концепт продавница “Солак” (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- На сончево време, кафе со омилено друштво во пријатен амбиент, во “Портал“
- Не мора да отворате, сé е кажано – пицерија “Шведскио“ на Широк Сокак
- Секогаш “Витаф“, семиња за намалување на телесна тежина и подобрен имунитет
- Најдобрата телевизија сега уште подостапна, во “Бител“ – Битола
- Во болницата “Плодност“ извршени четири ендоскопски операции во еден ден