Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: за тироидната жлезда

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со современи апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне на Тироидната жлезда, на барање на повеќе читатели.

-Тироидната жлезда се прикажува ултрасонографски на трансверзален пресек над трахејата во форма на пеперутка составена oд десен и лев лобус како и премостување помеѓу нив наречено isthmus кој доколу е над 5 мм е hallmark за постоење на гушавост-Struma, при постоење на дифузна хипоехогеност и зголеменост на лобуси е знак за постоење на воспалителна болест на тироидната жлезда (Базедова болест, Хашимото итн.), вели д-р Чипуровски, а како изгледа на его тој додава:

-На сагитален пресек на ехо се гледа супериорен заоблен пол и елонгоран инфериорен, нормалните димензии на лобусите се должина 4 до 6 цм ширина под 2 цм, често во самата жлезда има бенигни нодули или малигни који се разликуваат помеѓу себе по јасност на граници, ехогеност на паренхим, присуство на калцификати во нив како и присуство на периферна или централна васкуларизираност на collor dopller. Малигните нодули се со нејасни граници хипоехогени, со централна васкулариџираност и интанодални калцификати за разлика од бенигните нодули кои се со овална форма хипер или изоехогени без калцификати и периферна васкуларизираност на collor dopller.

 ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓаме на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос, вели д-р Васил Чипуровски. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18