Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ Гол во Битола ја победи Речица и продолжува во купот

Топ Гол – Речица 1:0 (0:0)

Во рамките на 1/8 Ф од Купот на Македонија за жени Топ гол од Битола оствари победа над екипата на Речица.

Во натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки со голот на Милевска во 77 минута се пласираа во следната фаза на ова натпреварување.

-Упатувам пофални зборови кон сите мои фудбалерки за издвојуваната победа. Игравме дисциплинирано и стрпливо за време на целиот натпревар и вроди со погодок во самиот финиш. Оваа е победа има силно влијание во подобрување на самодовербата кај сите и потврдување на нашите квалитети зошто во среда играме втор натпревар со Речица но сега за првенството, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Талевска, Петровска, Трајчевска, Љондевска, Стојчевска, Гоцевска, Талевска, Димитровска, Давчева, Милевска и Јанчева уште играа Неделковска, Марковска и Јовановска.

More from ВестиMore posts in Вести »