Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пронајден починат 81 годишник, кој бил пријавен за исчезнат во декември

На 17.04.2022 околу 20:37 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на село Карамани, битолско, било пронајдено починато лице на возраст од 81 година за кој на 02.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

More from ВестиMore posts in Вести »