Во соработка со Црвен крст Општинска организација Битола и Институтот за трансфузиона медицина, деновиве во јавното претријатие “Стрежево“ од Битола беше организирана доброволна акција на дарување на крв, на која даруваа крв голем број од вработените во претпријатието.Во акцијата се реализирани неколку десетици крводарувања, а тоа е бројка е стандардна за секоја кводарителска акција.
-Вработените во “Стрежево“ хуманоста од овој вид отсекогаш ја негувале, па така и денес покажаа висок степен на солидарност, а претпријатието продолжува низ принципите на доброволност и самоиницијативност да ја поттикнува заложбата за дарување на крв. Во Стрежево крводарителството е хуманост, навика и традиција, бидејќи спасувањето на човечки живот е најсвето, истакнуваат од “Стрежево“.

Крводарителска акција во ЈП “Стрежево“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Заштитни столбчиња и обележување на дел од коловозот, траен режим на сообраќај
- Приведен возач, управувал возило со 3,43 промили алкохол во крвта
- СВР Битола: тројца уапсени со разни дроги – кокаин, екстази…, физички нападната жена, фатен битолчанец баран со потерница
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди
- Актуелниoт градоначалник на Битола, Тони Коњановски ќе оди на втор мандат на локалните избори