Младиот битолски пијанист, осум годишниот Алексеј Белевски од класата на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски настапи на 19. меѓународен натпревар “Даворин Јенко” кој се одржа во Белград, Србија. Натпреварот, кој годинава го имаше 19. по ред издание има долга музичка традиија, а организаторите се трудат од година во година квалитетот на биде поголем, конкуренцијата посилна, а жирито кое ги оценува клавиристите компетентно.
Во силна конкуренција во дисциплината “клавир соло“ настапи Алексеј Белевски од класата на проф. м-р Марија Шамоска Буџаковски, од Државното музичко училиште, а од Белград се врати со специјална награда од 100 поени во неговата категорија.
Инаку, Алексеј Белевски пијано свири од пред само една година и за кратко време, а наградата во Белград има поголемо значење, бидејќи тоа за него беше прв настап. Белевски пред жирито се престави со три стилски различни композиции од авторите Ј. С. Бах, М. Клементи и К. Милетков, а доби највисоки оценки, што за него секако е мотив и поттик за понатаму.