Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена.Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на светлото за кое беше задолжен Милчо Александров, костимите на Раде Василев и шминкaта на Златица Поповска, ни овозможија неверојатна балетска магија. Моќната музика за балетот е компонирана од Калиопи Букле.
За атрактивноста на оваа балетска приказна зборуваат и позитивните реакции на присутната публика на премиерната изведба, која со долг аплауз го награди тимот што работеше на овој балет, и особено извонредните балетски играчи, кои ни донесоа магија на сцената.

Балетот “Госпоѓиците од Авињон“ синоќа со овации беше награден од публиката во Центарот за култура во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Нејц Цехте прво засилување во Битола, Еурофарм пелистер го потпиша за една сезона
- Приведен 18-годишник во Битола, пронајден кокаин при претрес во неговиот дом
- Во Битола сончево и топло со мала облачност
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)
- Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)
- Изложба “Портрети низ Горната“, секоја слика раскажува приказна раскажана низ објективот на ученичката Дамијана Ристевска (фотогалерија)
- Промовиран новиот број на “Нова Веда“ на учениците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)
- Библиотеката и зоолошката градина потпишаа меморандум за соработка