Press "Enter" to skip to content

Промовирана Биографијата на Златко Неделковски – таткото на кик-боксот во Македонија

Синоќа во Офицерскиот дом во Битола беше промовирана Биографијата за спортската легенда и татко на кик-боксот во Македонија – Златко Неделковски (1960 – 2020)  учител – спортски работник – сопруг и татко но пред се битолчанец насловена како “Големиот воин и неговата храбра ќерка“, а напишана од неговата ќерка Дијана.

На промоцијата Дијана Неделковска истакна:-Почитувани пред се би сакала искрено да ви се заблагодарам во мое и во името на моето семејство што денес сте дел од овој за нас посебен настан. Искрено ми е многу полесно сега да влезам во рингот отколку да зборувам тука пред сите вас а посебно кога треба да зборувам за мојот татко но ќе ми биде особена чест и задоволство да ви раскажам како и зошто се роди идејата за Биографијата за мојот татко. Во животот за сите нас постои само една опција – опцијата “A” т.е. да продолжиме понатаму. А токму од таа опцијa и од една болка – една преголема љубов на еден татко и неговата ќерка и нивната професионална и приватна поврзаност произлезе и приказната за “Големиот воин и неговата храбра ќерка”. Деновите и минутите до самата реализација на Биографијата беа долги и тешки но како и се досега што се случувало во нашето семејство така и ова дело е резултат на тимска работа.  Сплотени во едно – месеци и денови сите заедно внимателно ја одбиравме секоја фотографија и некако повеќе тоа беше работа на мојата мајка а додека се останато – целата организација се до овој момент – па и оваа вечер е дело на мојот брат. “Големиот воин и неговата храбра ќерка” е Биографија но и книга за семејството Неделковски – книга за сите вас – книга за сите минати – сегашни и идни членови – книга за сите соработници и пријатели – за народот – книга за Златко Неделковски.

Славчо Неделковски ги прочита воведот на Биографијата потпишан во име на семејството и ја претстави кратката биографија на својата сестра и причината зошто токму таа е вистинскиот избор да е потписник на Биографијата за Златко Неделковски и додаде:-Особена чест имам што оваа вечер ќе говорам за архивски факти за човекот кој требаше да е со нас но остави поголем белег врз животите на генерации битолчани кој нема така лесно да се избрише. Зошто битолчани? Затоа што Златко Неделковски беше самофинансирачки амбасадор на својот град Битола и Македонија. Него никогаш не го интересираше профитот кој пак за жал стана заштитен трговски знак за спортот во нашата земја а и глобално светот.  Златко Неделковски беше спортски работник од стар ков. Неговите ученици беа се – останаа се. И тоа се беше доволно за се што не го доби за време на земниот живот а го заслужи и таа заслуга не може да ја оспори никој. Златко Неделковски е роден во Битола – живееше и работеше во и за Битола а во Битола е и неговиот вечен дом. Зошто? Затоа што локал патриотизам не е форма само на општествено политичката мисла ами животен избор – стил на живеење во кој ако веруваш го практикуваш. Не е работно време ами целосно посветен земен век. Златко Неделковски прво е човекот кој е татко на Кик Боксот во Македонија но и низа боречки вештини и спортови кои не само што ги изучил и донел од светот во нашата Македонија – нашата Битола ами ги усовршил и им ги вратил на светот подобри и поквалитетни што е исто поткрепено со факти. Златко Неделковски пред 4О години го формира Кунг Фу Клубот “Битола” од Битола кој е еден од ретките кој под Баба планина во сегментот спорт а и пошироко го носи името на градот е не нејзиниот највисок врв Пелистер. Човекот кој точно пред 3О години во независна Македонија во 1992 година по една година формирање на првите клубови на варијации на боречки вештини и спортови – сите до еден основани со негов потпис а во 13 градови го формира Кунг Фу – Фул Контакт Сојузот на Република Македонија или пет години пред оние – кои тврдат дека ете тие се првоносителите.Златко Неделковски целиот свој работен век го помина во РЕК Битола. 8 работни часа од своите 18 години или и 40 години работен стаж за оние 8 до 10 часа секој ден посветени на спортот и неговите ученици и остатокот безусловно за неговото семејтво и пријателите. И така до бесконечноста и без грам немир или измореност. Со трилион идеи кои чекаа на листата за реализација но и безмилосното темпо – како да нема утре. Златко Неделковски пред 5 години и официјално станува легенда во боречките вештини и спортови со впишување на неговото име како татко на Кик Боксот во Македонија во првиот учебник за боречките спортови и вештини наменет за идните професионални спортисти при Факултет за физичко образование – спорт и здравје.

More from ВестиMore posts in Вести »