Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кај 34 годишен битолчанец пронајден пиштол и шок бомба

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Битола вчера лишиле од слобода 34 годишен битолчанец.

При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9 мм со една рамка и една шок бомба. 

Лицето е приведено и задржано во полициска станица  и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »